Брз воз во Јапонија возел со отворени врати, доцнел 19 минути

Сподели со своите пријатели

Воз во Јапонија, кој се движи со брзина од 280 километри на час, 40 секунди се возел со отворени врата што довело до нерегулирано одвивање на сообраќајот чии последици ги почуствувале неколку илјадници патници.

Loading...

Компанијата „Ист Јапан“ соопшти дека вратите на брзиот воз кој се движел на релација од Сендаи до Токио биле отворени 40 секунди, но дека немало повредени, јавува новинската агенција Кјодо.

До проблемот дошло кога работник задолжен за одржување на чистотата заборавил да го изгасне уредот кој ги отвора и затвора вратите.

Возот итно застанал во тунелот во градот Шибат, а патот го продолжил по контролата која траела 15 минути.

Во брзиот воз имало 340 патници, но бидејќи никој не бил близу вратите, немало повредени.

Брзиот воз доцнел 19 минути до дестинацијата и предизвикал доцнење од 28 минути на седум лиии. Последиците ги почуствувале 3.300 патници.

Leave a Reply