БРУТАЛНО РАСКОШНО: Кога деца на руски олигарси прават свадба (видео)

Сподели со своите пријатели

Свадба на деца на двајца олигарси чинела околу десет милиони долари. За оваа сума била обезбедена салата во која се доделуваат свечените награди „Оскар“, а гостите ги забавува Лејди Гага.

Бизнисменот Елдар Османов ја омажил својата ќерка за синот на Алберт Авдољан – пред свадбата Лилита и Гаспар се забавувале две години.

Младенците се венчале во театарот „Долби“ во Лос Анџелес, баш таму каде се врачуваат Оскарите.

Свадбената церемонија ја воделе телевизиските водители Андреј Махалов и Ксенија Собчак, додека за расположението на гостите била задолжена токму Лејди Гага. Гостите ги забавувале и Стас Михајлов, Џејсон Деруло и Николај Басков.

Наведено е дека за декорација со цвеќе на салата биле потрошени половина милион долари, додека самата свадба чинела вртоглави десет милиони долари.

https://youtu.be/_Z-dviGZ8ts

Loading...