Бројот на загинати во поплавите во Бразил се искачи на 46

Сподели со своите пријатели

Бројот на загинати од обилните дождови што ги опустошија крајбрежните области на југоисточната бразилска држава Сао Паоло се искачи на 46, соопштија властите, бидејќи се очекуваат нови врнежи.

Loading...

Обилните врнежи за време на викендот предизвикаа лизгање на земјиштето и поплави во крајбрежните градови на југоистокот од земјата.

Речиси 2.500 луѓе сè уште се раселени или оставени без домови, соопшти државната влада на Сао Паоло, додавајќи дека спасувачките операции се во тек, пренесува Ројтерс.

Најмногу жртви, дури 45, се забележани во градот Сан Себастијан, а градската власт предупреди дека до петок се очекува да наврнат уште 200 милиметри дожд и предупреди на нови опасности од лизгање на земјиштето и поплави.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Што ја очекува Европа ова лето, по рекордниот топлата пролет?

Повеќе од 600 милиметри дожд паднаа во крајбрежниот регион на најбогатата бразилска држава, што е највисока кумулативна бројка досега во Бразил, соопшти владата.

Гувернерот на државата Сао Паоло изјави дека морнарицата ќе изгради теренска болница за настраданите, пренесува Танјуг.