Бројот на новодијагностицирани повторно бележи пад, вели Филипче

Сподели со своите пријатели

Минситерот Венко Филипче денеска истакна дека после оној мини пик, како што беше голем притисокот на почеток на неделата, бројките сега се мали.

Loading...

-Денеска вкупниот број на новодијагностицирани повторно бележи пад, под 900, некаде околу 890, за кратко време ќе излезат и официјалните информации меѓутоа тоа сето го гледаме и во болниците како во Скопје, така и ширум државата. Тој притисок што го имаше претходно го нема. Се уште има пријави и се уште сме внимателни заради тоа што има голема бројка на дијагностицирани пациенти на кои може да им затреба болнички третман меѓутоа не е таква бројката на приеми каква што беше пред една недела, рече минситерот Филипче.

Министерот издрази надеж дека овој тренд ќе продолжи и дека ова се знаци дека и овој бран стивнува.

Никола Ивановски

Leave a Reply