Бројот на активни случаи во Куманово сѐ уште над 1.200, пад на бројот на нови случаи изминатата недела

Сподели со своите пријатели

Во текот на изминатата недела (12.04 – 19.04) се бележи благ пад на бројот на новозаболени, но пораст на починати пациенти од коронавирус во Куманово споредбено со неделата претходно.

Loading...

Вкупно 397 нови случаи позитивни на коронавирус се регистрирани во Куманово (заедно со Липково) во текот на изминатата недела. Тоа е значително намалување во однос на неделата претходно кога биле регистрирани вкупно 484 нови случаи.

Благ раст бележи бројот на починати лица. Во изминатата недела битката со вирусот ја загубија 18 лица, а во претходниот седумдневен пресек имало 16 починати лица.

 

 

Најмногу нови случаи за еден ден се регистрирани во вторник, вкупно 82 лица, а најцрн ден од изминатата недела според бројот на починати е четврток, кога како последица од компликации предизвикани од Ковид-19 починале шест пациенти пациенти.

Досега оздравени во Куманово се вкупно 6.518 од лицата кои биле позитивни на вирусот.

Loading...

Вкупно 282 пациенти од Куманово починале од почетокот на епидемијата како резултат на компликации со вирусот.

Од почетокот на пандемијата во Куманово се регистрирани вкупно 8.053 случаи позитивни на коронавирусот со што е на второто место во државата според бројот на заразени, веднаш по Скопје.

 

 

Од вкупната бројка на заразени, во овој момент активни се 1.253 случаи. Пред Куманово во однос на активни случаи се само Скопје и Битола.

Сепак процентот на заразени во Куманово според глава на жител, спроедбено со другите градови во државата е помал, со што Општина Куманово е на 17то место, а претходат и многу помали општини како Богданци, Кочани, Делчево, Ресен, Свети Николе, Берово, Велес, Охрид, Прилеп, Гевгелија, Штип, Демир Капија, Неготино, Скопје, Битола и Кавадарци.

Куманово има 5.63% заразено население, додека тој процент во Квадарци кој е рекордер е дури 11,61 отсто.

Loading...

 

 

На ниво на државата од почетокот на епидемијата се регистрирани 156.733 случаи, од кои во моментот се активни 19.841. Излекувани се 122.810, а починати 4.443 пациенти. Стапката на излекувани изнесува 78,36%, а на смртните случаи 2,83%.

Никола Ивановски

Извор: Министерство за здравство и gdi-sk

Leave a Reply