Бројката на родени и деца запишани на училиште во Куманово не се совпаѓа (видео)

Сподели со своите пријатели

Општинското основно училиште „11-ти Октомври“ има седум првачиња помалку од минатата година, ООУ „Христијан Карпош“ дури две паралелки помалку, додека ООУ „Браќа Миладиновци“ бележи благ пораст на бројот на првачиња, стои во извештајот презентиран од страна на Секторот за образование пред советниците.

Loading...

Претседателот на секторот за образование при општина Куманово, Жика Крстевски истакна дека намлениот број на деца кои се зпаишуваат во основните училишта многу се одразува и за намалување на бројот на средношколците.

Во последните десет години во основното образование има околу 2.000 помалку ученици, а тоа е некаде околу 25% – изјави Крстевски.

Тој истакна дека овие податоци се слични со состојбата во другите општини, а причините треба да ги истражува Државниот просветен инспекторат.

Статистиката на новородени деца во 2008/2009 покажува дека се родени 1.504 деца, а годинава во училиптата се запишале 1239 ученици. Каде исчезнува бројката на овие деца треба да ја утврдат просветните иснепктори, вели Крстевски.

Пратеникот од ромската партија, Ашмет Османовски обвини дека се занемарува ромската популација, посебно од населбата Средорек.

Ромските дечиња од населбата Средорек треба да посетуваат настава во најблиското училиште, а не знам какви политики води општината и менаџерите на ООУ ”11-ти Октомври”, при што младите ромчиња и родителите одат во училиштетот ”Браќа Миалдиновци” – изјави Османовски.

Loading...

Инаку за разлика од минатата година, во учебната 2015/2016 се запишани околу 200 првачиња помалку.