Брод со повеќе од 60 мигранти потона во Грција

Сподели со своите пријатели

Во Грција започна голема спасувачка операција откако во текот на ноќта брод со повеќе од 60 мигранти од Турција се преврте кај островот Евија, соопшти крајбрежната стража на земјата.

Loading...

Како што се наведува, деветте мигранти извлечени од водата им рекле на членовите на спасувачките тимови дека на чамецот имало вкупно 68 лица, а бродот првично испловил од турското пристаниште Измир.

Крајбрежната стража соопшти дека во операцијата за пребарување и спасување учествуваат хеликоптер, патролен чамец на крајбрежната стража и два брода.

Илјадници луѓе кои бегаат од конфликти и сиромаштија во Африка, Азија и Блискиот Исток секоја година се обидуваат да влезат во Европската унија преку Грција.

Повеќето, краткиот, но често опасен премин од турскиот брег до блиските грчки острови, е направен во гумени чамци.

Помал број се решаваат да ја заобиколат Грција со преполни едрилици и бродови и да се упатат директно кон Италија.

Најмалку 27 лица се удавија претходно овој месец во грчките територијални води во два одвоени инциденти.