Брнабиќ: Непријатно сум изненадена од изјавата на Пахор за Косово

Сподели со своите пријатели

Српската премиерка Ана Брнабиќ денеска изјави дека е непријатно изненадена од претседателот на Словенија, Борут Пахор, кој изјави дека Словенија ќе се обиде да влијае врз петте земји-членки на ЕУ кои не го признале Косово, тоа да го направат.

Изјавата на Пахор, според оценката на Брнабиќ, која неодамна ја предводеше Србија на заедничкиот состанок на двете владите во Словенија, не е во согласност со добрите и пријателски односи меѓу Србија и Словенија.

– На тој состанок јас упатив молба да тие како земја која го призна едностраното прогласување на независност на  Косово, да влијае врз Приштина да ги почитува договорите кои се договорени и потпишани, истакна Брнабиќ.

Таа го поздрави фактот што Словенија ја повикала Приштина да го спроведе бриселскиот договор, со акцент на конечното формирање на Заедницата на српски општини.

– Ние имаме пријателски односи со Словенија, но оваа изјава не е во духот на тие пријателски односи со Србија и јас сум многу непријатно изненадена, констатираше Брнабиќ.

Таа додаде дека за оваа тема би било добро Пахор да разговара со премиерот на Словенија, Миро Церар и посочи дека таквите изјави не придонесуваат за соработката, регионалната доверба и не гледа никаква причина да се меша Словенија. /МИА

Leave a Reply