17.04.2019 00:56

Британско училиште вработи „менувач на пелени“ затоа што децата не можат сами


Едно основно училиште во Велика Британија вработило уште еден член на персоналот а неговата работа е единствена. Иако звучи неверојатно, овој работник ќе менува детски пелени, затоа што многу од нив не се во состојба сами да одат во тоалет и да вршат нужда.

Инаку, децата во Велика Британија на училиште тргнуваат со неполни пет години, а веќе на 11 одат во средно, кое го посетуваат до својата 16та година.

loading...

– Се поголем е бројот на деца кои не знаат да користат тоалет, што е многу тешко за учителите, но и за другите деца кои ги немаат тие проблеми. Не можете да очекувате од училиштето да биде замена за родителите или да ги лекува социјалните болки, изјавила главната училишта инспекторка Аманда Спелман.

Член на советот за образование Крис Тов, кој разговарал со директори на 80 детски и основни училишта, бил шокиран од откритието.

– Ние тука зборуваме за петгодишници, што едноставно е неприфатливо. Децата не знаат правилно да комуницираат, користат прибор за јадење или држат молив. Ако немаат основни вештини, како можат да се образуваат? Не можеме така да продолжиме. Ако тоа не го спречиме, ќе биде уште полошо, предупредил Тов.

Едно претходно истражување покажало дека родителите немаат доволно време да се занимаваат со своите деца и да ги воспитуваат, што за образованите работници е неприфатливо затоа што одговорноста тогаш паѓа врз нив.

– Многу родители мислат дека е важно да ги подготват децата за тргнување на училиште, поради што не обрнуваат премногу внимание на нивното однесување, укажува Спелман.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments