Британскиот премиер го пречека Зеленски со прегратка (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Британскиот премиер Риши Сунак објави фотографија на својот Твитер профил на која се гледа прегратка со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Loading...

„Добре дојдовте назад“, гласи твитот на Риши Сунак, кого Зеленски денеска го посети на имот недалеку од Лондон.

Зеленски му се заблагодари на британскиот премиер Сунак за сета поддршка што Обединетото Кралство и ја пружи на Украина од почетокот на рускиот напад врз Украина.

„Сте направиле многу“

„Вашата поддршка ни значи многу, направивте многу. Вие, вашата влада, неговото височество кралот и секако вашиот народ, вашето општество“, му рече Зеленски на Сунак.

„Ние сме благодарни од се срце. Ја пренесувам благодарноста на сите Украинци, пред се нашите војници“, додаде украинскиот претседател.

 

 

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.