Британскиот амбасадор во Македонија праша за одлуката на Уставен суд

Сподели со своите пријатели

Чарлс Гарет, амбасадор на Велика Британија во Македонија, на својот профил на социјалната мрежа Твитер, праша за најновата одлука на Уставен суд, со што се даде повторна можност, осудените за изборни нерегуларности да може да бидат помилувани од претседателот.

– Какви се овие вести за помилување на изборни измами?, праша  Гарет на социјалната мрежа Твитер претпладнево, коментирајќи ја одлуката во момент на враќање од состанок во Лондон.

Најновата одлука на петте судии на Уставен суд предизвика лавина реакции на социјалните мрежи, но и протест пред зградата на судот, кога вчера група граѓани со фрлање јајца, го изразија својот револт од најновата одлука за аболиција на осудени за изборни измами.

Граѓанската иницијатива “АЈДЕ” за денес најави ново собирање пред зградата на Уставен суд во Скопје.