Британската премиерка го брани владиниот економски план

Сподели со своите пријатели

Британската премиерка Лиз Трас го бранеше економскиот план на владата кој ги потресе финансиските пазари, велејќи дека денеска ќе преземе „контроверзни“ чекори со цел да го поттикне економскиот раст.

Loading...

„Го поставивме вистинскиот план“, изјави Трус за радио Би-Би-Си.

Таа рече дека е потребна итна акција за да се поттикне економскиот раст, да се „придвижи Британија напред“ и да се справи со инфлацијата, а „тоа значи да се донесат контроверзни и тешки одлуки“, објави Ројтерс.

Новата британска влада го објави најрадикалниот буџет во последниот половина век.

Целта е да се постигне економски раст од 2,5 проценти.

Новите мерки ја шокираа берзата и доведоа до пад на акциите и фунтата.

Сите најавени даночни зголемувања се откажани, данокот на доход е намален, а данокот за купопродажба на недвижен имот е укинат до вредност од четвртина милион фунти, пренесува Танјуг.

На прашањето дали ќе го повлече мини-буџетот, Трасова одговори дека не ја прифаќа „премисата на тоа прашање“.

Loading...

„Се соочуваме со тешки времиња за економијата. Јас не го негирам тоа. Тоа е глобален проблем. Но, апсолутно е правилно што владата се вклучи и реагираше во овие тешки моменти“, рече премиерот на Велика Британија.

Според неа, планот е да се постави Велика Британија на подобар пат на долг рок.

Сите информации за економско-енергетската криза во светот можете да ги прочитате ТУКА.