Британската кралска морнарица следела руски воен брод

Сподели со своите пријатели

Властите во Британија изјавија дека Кралската морнарица следела руски воен број низ Северното море во близина на Обединетото Кралство, јавува АП.

„ХМС Св. Албанс“ со екипаж од 190 морнари употребен бил на денот на Божиќ да ја следи руската фрегата Адморал Горшков низ, како што велат британските власти „пдорачје од национален интерес“.

Дополнително, хеликоптер на Кралската морнарица бил користен да ги следи другите руски бродови во тоа подрачје.

Морнарицата вели дека неодамна е зголемен бројот на руски бродови кои пловат во близина на територијалните води на Велика Британија.

Властите велат дека на Бадник бил употребен воен брод за следење на рускиот разузнавачки брод низ Северното море и Англискиот канал.

Министерот за одбрана Вилијам Гавин изјавил дека Велика Британија нема да толерира агресија.

– Британија никогаш нема да биде заплашена кога е во прашање заштитата на нашата земја, нашиот народ и нашите национални интереси, рекол тој.

Инциденти во морето ја следат тешката посета непосредно пред Божиќ, на министерот за надворешни работи Борис Џонсон во Москва. Џонсон и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров не се сложила за низа политички прашања, што одржува растечки тензии помеѓу Британија и Русија.

Британските власти предупредуваат дека овој месец руските бродови може да пресечат подводни интернет кабли со цел пореметување на комуникацијата и трговијата.