Британската економија нема да ги почувствува последиците од смртта на кралицата

Сподели со своите пријатели

Смртта на кралицата Елизабета го погоди Обединетото Кралство во време на пораст на инфлацијата, пад на валутата и криза на трошоците за живот, што не е забележана со децении, пишува CNN Business, кој не очекува значително влијание од смртта на кралицата врз британската економија.

Loading...

Во знак на почит, продавниците и спортските објекти низ Велика Британија беа затворени, а синдикатите го прекинаа најавениот бран акции.

Синдикатот на работниците во комуникации го откажа штрајкот на 115.000 поштенски работници на Кралската пошта.

Транспортните синдикати ги откажаа и застојите на пругите кои беа планирани за оваа недела и за крајот на септември.

Главниот економист на приватната банка Беренберг, Холгер Шмидинг, очекува економското влијание од смртта на кралицата да биде мало.

Тој оцени дека откажувањето на штрајковите во железницата засега треба делумно да го неутрализира ефектот од денот на жалост, а за тоа веројатно ќе придонесат и дополнителни приходи од туризмот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЕУ постигна договор за намалување на потрошувачката на струја

Премиерот најави планови за ограничување на сметките

Неколку часа откако новата британска премиерка Лиз Трас ги објави плановите за ограничување на сметките за енергија од октомври, почина британската кралица Елизабета Втора.

Планот за извлекување на британската економија од кризата треба да им го олесни животот на милиони домаќинства и илјадници компании кои се борат со растот на цените, а може да чини дури 150 милијарди фунти (173 милијарди евра).

Loading...

Според аналитичарите од Беренберг банка, најголемиот дел од планот би се финансирал со задолжување од државата, а министерот за финансии Кваси Квартенг треба да ја потврди конечната цена на планот до крајот на септември.

Планот, сепак, може да биде спречен од подготовките за погребот на кралицата и крунисувањето на нејзиниот наследник, кралот Чарлс III, бидејќи поголем дел од вниманието на владата ќе биде насочено кон него, а вообичаената работа на парламентот е суспендирана, пишува Си-Ен-Ен Бизнис.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Невработеноста во ЕУ и еврозоната непроменета во август

Аналитичарот на инвестициската компанија Еј Џеј Бел, Дени Хјусон смета дека усвојувањето на вонредниот буџет најверојатно ќе биде одложено.

Клучно е и како Банката на Англија (БОЕ) ќе одговори на енормното зголемување на државното задолжување.

Банкнотите со ликот на кралицата и понатаму ќе важат

Инвеститорите се веќе нервозни за состојбата на финансиите на британската влада и веќе се очекуваше BoE да ги зголеми каматните стапки.

Но, во петокот Банката на Англија објави дека ќе ја одложи таа одлука за седум дена, поради периодот на национална жалост и дека ќе се состанат на 22 септември.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЕУ постигна договор за намалување на потрошувачката на струја

Портпаролот на премиерот Трас изјави дека ограничувањето на цената на енергијата, и покрај деновите на жалост, ќе стапи на сила според планираното од 1 октомври.

Макростратегот на Сосиете Женерал, Кит Јукес, проценува дека постојат големи шанси кралот Чарлс III да биде првиот британски монарх кој ќе плати повеќе од фунтата за доларот, или повеќе од фунтата за еврото, или и двете.

Loading...

Јукес смета дека е малку веројатно фунтата да падне под паритет со американскиот долар оваа година.

Банкнотите со ликот на кралицата сѐ уште се легално средство за плаќање, објави Банката на Англија, а плановите за печатење на нови банкноти со ликот на кралот Чарлс ќе бидат објавени откако ќе поминат деновите на жалост.

Сите информации поврзани со најновите случувања во Велика Британија можете да ги прочитате ТУКА.