15.06.2019 13:09

Британија забрани штетни родови стереотипи во рекламите


Според новите прописи кои стапуваат на сила во Британија се забрануваат „штетни“ родови стереотипи во рекламите кои, како што е речено, можат да наштетат или предизвикаат сериозна или голема навреда.

Примерите вклучуваат прикажување мажи што не знаат да сменат пелени или жени кои не знаат да паркираат возило, или реклами кои наговестуваат дека жените се задолжени за готвење и чистење.

loading...

Жалбите ќе се разгледуваат од специјализирано тело на Управата за стандарди во рекламирањето. Тоа тело не може да одреди парични казни, но британските радио и телевизиски куќи се обврзани со своите дозволи за работа да ги почитуваат пресудите.

Оваа тело, кое претходно забранило реклами кои наговестуваат дека е пожелно девојките да бидат нездраво слаби, навело дека нема да ги забрани сите стереотипи како што се жени кои чистат или мажи кои прават поправки во домот.

Како што се наведува целта е да се отстранат оние реклами кои се штетни како реклами каде се спротивставуваат „грижливи“ девојчиња и „храбри“ момчиња, или исмеваат мажи кои работат стереотипно женски работи.

– Едноставно кажано утврдивме дека рекламите со текот на времето мора да играат улога во ограничувањето на потенцијалите на луѓето, рекол директорот на Управата за стандарди во рекламирање, Гај Паркер.

Тој рекол дека во интерес на жените и мажите, стопанството и општеството, е огласувачите да се држат подалеку од тие застарени прикажувања, и додал дека се задоволни што индустријата почнала да одговара.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments