Британија: Се насука брод со мигранти, има мртви

Сподели со своите пријатели

Мал брод со мигранти се насука во близина на југоисточниот брег на Англија во близина на Кент рано утринава, а се верува дека неколку луѓе загинале во несреќата.

Loading...

Спасувачката операција започнала во ледените води на Англија веднаш по информацијата за несреќата, која пристигнала рано утринава во 04:40 часот по средноевропско време, јавува Би-би-си.

Во спасувачката акција биле вклучени и крајбрежната стража, француската морнарица и воздухопловната брза помош.

Малите чамци со мигранти редовно се обидуваат да го преминат Ла Манш од Франција за да стигнат до британските брегови.

Повеќе од 40.000 луѓе успеаја да го надминат ова опасно патување и да стигнат до Англија оваа година, што претставува рекордна бројка.

Од 2014 година, 205 мигранти се пријавени за мртви или исчезнати во Ла Манш.

Најголемата несреќа од ваков вид е забележана во ноември минатата година, кога загинаа 27 мигранти.