Британија: Русија посакува успех пред прославите на Денот на победата

Сподели со своите пријатели

Руските сили напредуваат од позицијата во Донбас кон Краматорск во источна Украина, кој се уште е нападнат со ракетни напади, се наведува во денешното соопштение на Министерството за одбрана на Велика Британија.

Loading...

Високиот интензитет на руските воздушни напади продолжува во обид да се обезбеди поддршка за офанзивата на руските сили во источна Украина, како и да се потисне и уништи воздушната одбрана на Украина, се наведува во редовниот извештај на британското министерство, пренесува Ројтерс.

 

Русија го отфрли предлогот за велигденски хуманитарен прекин на огнот

 

– Русија веројатно сака да покаже значителен успех пред годишните прослави на Денот на победата на 9 мај. Тоа може да влијае на тоа колку брзо и силно ќе се обидат да извршат операции пред овој датум – се додава во соопштението на министерството на Твитер.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски им се заблагодари на САД за пакетот помош за Украина

Британската агенција забележува дека во овој момент не е во можност самостојно да го потврди извештајот.

Денот на победата се одбележува на денот кога тогашниот СССР ја победи нацистичка Германија, а секоја година се организира голема прослава во Русија.

Loading...