Британија: Русија планираше да напредува 30 км дневно, Вагнер успева до 200 м

Сподели со своите пријатели

Евгениј Пригожин, сопственик на руската приватна воена компанија Вагнер Груп, на 23 октомври изјави дека силите на Вагнер напредуваат 100-200 метри дневно, додавајќи дека тоа е „нормално за време на модерната војна“.

Loading...

Сепак, според руската воена стратегија, нејзините сили требаше да напредуваат околу 30 километри дневно, се наведува во дневниот извештај на британското Министерство за одбрана за ситуацијата во Украина.

Тие планираа да напредуваат 1.000 километри во рок од еден месец

Во февруари руската армија планираше да напредува околу 1.000 километри низ украинска територија во период од еден месец.

Украинските сили во септември остварија напредок од над 20 километри дневно, пишува Индекс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Нови чистки во Кремљ: Падна еден од најбогатите соработници на Путин

Во последните два месеци Пригожин се откажа од преправањето дека не е поврзан со Вагнер и стана поексплицитен во своите јавни изјави.

Тој веројатно се обидува да го зајакне својот кредибилитет во напнатиот руски систем за национална безбедност, пишува Министерството.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...