Британија оди на избори!

Сподели со своите пријатели

Британските пратеници ја усвоија одлукатаа за одржување на предвремени парламентарни избори на 12 декември.

Loading...

Текстот за свикување на изборите, трети генерални избори за четири години, беше усвоен со убедливо мнозинство од 438 гласови, 20 против и повеќе воздржани во долниот дом на британскиот парламент.

Пратениците претходно го отфрлија амандманот на лабуристичката опозиција што сакаше избори на 9 декември.

Текстот ќе стане закон кога ќе биде одобрен од горниот дом, Домот на лордовите, кој нема надлежност да ја промени одлуката за долниот дом.

Новите избори би можеле да ја извлечат земјата од сегашната блокада околу Брегзит, или може да биде само привремено пренасочување на проблемот, пренесува АП. Сепак, по три години политички прогон околу Брегзит, британските гласачи се уморни и тешко е да се предвидат изборните резултати.

Премиерот Борис Џонсон се надева дека преку изборите неговата Конзервативна партија ќе достигне мнозинство и дека ќе може да го спроведе излегувањето на Велика Британија од ЕУ како што вети.

Европската унија одобри тримесечно одложување на Брегзит оваа недела до 31 јануари.

Џонсон, кој мораше да се откаже од ветувањето дека ќе ја извади Велика Британија од ЕУ на 31 октомври по секоја цена, ги обвини своите противници дека сакаат да го одложат процесот на Брегзит на неодредено време.

Loading...

Leave a Reply