Британија ја напушти ЕУ, се бараат референдуми во Франција и Холандија

Сподели со своите пријатели

Велика Британија ја напушта Европската Унија, ваква одлука донесоа 52% од гласачите на вчерашниот референдум кои се изјаснија дека големото европско семејство може и без нив.

Кралството ја напушта унијата по 43 години членство, а утринава премиерот Дејвид Камерон најави дека ќе си поднесе оставка во наредните три месеци.

По англискиот Брегзит, во Франција се бара Фрегзит, а во Холандија Негзит.

Герт Вилдерс, лидер на партијата која е антиевропска, по објавените резултати од референдумот во Велика Британија рекол дека оваа земја ја следни својата иднина и дека е време Холандија да го нарпави истото.

Марин Ле Пен на социјалните мрежи исто така напишала дека е време за демократија и во Франција и дека и таа треба да има право на избор.

Доколку и овие две земји се одлучат да распишат референдуми иднината на Европската Унија останува неизвесна.

 

Loading...