Британија и Холандија ќе формираат коалиција за испорака на Ф-16 на Украина

Сподели со своите пријатели

Велика Британија и Холандија најавија дека планираат да формираат меѓународна коалиција за купување борбени авиони Ф-16 за Украина.

Loading...

Договорот е постигнат по средбата меѓу британскиот и холандскиот премиер Риши Сунак и Марк Руте, се наведува на веб-страницата на британската влада.

Двајцата премиери се согласија дека Украина заслужува место во НАТО и веруваат дека сојузниците треба да продолжат да обезбедуваат долгорочна безбедносна помош за Украина.

„Премиерите се согласија дека ќе работат на изградба на меѓународна коалиција која ќе и обезбеди на Украина борбени авиони, ќе обезбеди поддршка во сè – од обука до купување на авиони Ф16“, се вели во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Полски државјанин уапсен под сомнение дека учествувал во заговор за убиство на Зеленски

Намерата за создавање „коалиција за ловци“ претходно ја најави претседателот на Украина Володимир Зеленски на средбата со германскиот канцелар Олаф Шолц.

Се претпоставуваше дека коалицијата ќе функционира како „тенковска“ коалиција, во чие создавање водечка улога имаше Берлин.

Украинските власти објавија дека на земјата ѝ се потребни околу 180 борбени авиони.

Американскиот претседател Џозеф Бајден одби да ги испорача Ф-16, велејќи дека тие треба да останат во САД.

Loading...

Полска испрати 14 ловци МиГ-29 во Украина. Уште 13 ловци МиГ-29 Словачка и предаде на Украина.

Бундестагот ја исклучува испораката на германски борбени авиони во Украина, пренесува Спутник.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.