Британија и ЕУ ја договорија цената за „развод“

Сподели со своите пријатели

Велика Британија и Европската унија постигнале начелен доовор за финансиската обврска на Обединетото Кралство кон Унијата, пренесува „Дејли Телеграф“.

Европската унија побарала Британија да исплати 60 милијарди евра, а повикувајќи се на неименувани извори на медиумит, Обединетото Кралство ќе бара да плати помеѓу 45 и 55 милијарди евра, во зависност од тоа како двете страни ја толкуваат договорената методологија.

Договорот е постигнат воочи клучниот состанот на британската премиерка Тереза Меј со претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер, кој е закажан за понеделник.

Европската комисија не сака да ги коментира наводите на „Дејли Телеграф“, а неиуменуваниот функционер на британската влада вели дека не го знае договорот.

Доколку договорот за цената на Брегзит навистина е постигнат, на самитот на ЕУ на 14 и и 15 декември најверојатно ќе биде одлучено преговорите да се насочат на трговските односи по конечното излегување на Велика Британија од Унијата.