Британец освои 105 милиони фунти на лотарија

Сподели со своите пријатели

Ждрепката по повод 25-годишнината од Националната лотарија во Велика Британија направи едно лице милионер. Големата награда е 105 милиони фунти.

Loading...

Нешто повеќе од еден месец откако сè уште неименуваниот победник во Велика Британија освои рекордна награда од 170 милиони фунти, беше доделена уште една слична сума која може да направи целосна промена на животот.

Ова е четврти пат оваа година некој во Националната лотарија во Велика Британија да добие награда од девет цифрена сума.

Во јуни беше доделена награда од 123 милиони фунти, а во јануари – 115 милиони фунти.

„На нашиот 25-ти роденден, многу среќен сопственик на ливчето го собра целиот џекпот на 105 милиони фунти. Проверете ја среќата“, рече Енди Картер, советник за национална лотарија.

Од првото извлекување на 19 ноември 1994 година, Националната лотарија им исплати повеќе од 71 милијарди фунти на среќните добитници.

Покрај тоа, Националната лотарија собра 40 милијарди фунти во текот на четврт векот од постоењето за поддршка на добротворни проекти и добротворни цели низ Велика Британија.

Leave a Reply