Бред Пит ги изненади студентите во Мисури

Сподели со своите пријатели

Бред Пит ги изненади студентите на Државниот универзитет во Мисури. Тој се придружил преку видео-врска од неговата куќа, каде се уште е во карантин поради коронавирусот.

Loading...

Славниот актер ја прифатил идејата деканот да ги израдува студентите и им честиташе на упорноста и успехот што го постигнале за време на пандемијата.

Богатството на господинот Смит: Еве колку „тежи“ Бред Пит

– Здраво на сите, Бред овде. Се јавувам од карантин. Мора да беше многу чудно да се работи во овие услови, но знајте дека сум горд на вас. Значи, успеавте. Уживајте! Честитки за вас. Проширете ги вашите хоризонти и размислете, вие сте нашата иднина. Ви посакуваме се најдобро во вашите идни напори – им се обрати Пит дипломатски и ги воодушеви.

Среќни и задоволни беа и вработените.

– Се обидовме некако да ги развеселиме студентите, затоа што во ова неизвесно време  на пандемијата на коронавирус нема да има традиционална прошетка низ градот. Бред се согласи да ги направи горди – рече доцентот Елизабет Кинг со објавувањето на видеото на официјалните канали на универзитетот.

Нов филм на Анџелина Џоли и Бред Пит (видео)

Патем, Бред пораснал во Спрингфилд, Мисури, каде што има универзитет на кој исто така одел и тој, па тоа било уште една причина зошто се согласил да контактира со студентите.

Loading...

Еден од најпосакуваните мажи во светот се запишал на студии по новинарство откако завршил средно училиште, но не дипломирал. Тој сфатил дека го привлекува актерството, па се спакувал и заминал во Холивуд за да ги оствари своите соништа.

Leave a Reply