Бразилскиот сој на коронавирусот пристигна во САД: Се смета дека е 50 одсто позаразен

Сподели со своите пријатели

Бразилскиот сој на коронавирусот пристигна во САД, а тоа беше потврдено во еден случај во Минесота.

Loading...

Лицето неодамна се вратило од патување од тешко погодената јужноамериканска земја.

Варијантата позната како П1, наводно е најмалку 50 проценти позаразна, пишува „Дејли меил“.

Ова се случи откако претседателот Бајден ја укина забраната за патување блокирајќи го влезот во САД од земјите каде се појавија опасни видови на вирусот, вклучувајќи ги Велика Британија, Бразил и Јужна Африка.

Сепак, забраната пристигна доцна, бидејќи лицето со кое беше пронајден овој вид се тестирало на 9 јануари.

Овој „бразилски вид“ на вирусот особено ги загрижува научниците бидејќи неговите мутации можат да влијаат на ефикасноста на вакцините.

Leave a Reply