Бразилската влада најави истрага за нелегално прислушување

Сподели со своите пријатели

Новата бразилска влада ќе спроведе истрага за наводите дека државната разузнавачка агенција АБИН незаконски шпионирала мобилни телефони на бразилски граѓани, изјави денеска бразилскиот министер за правда Флавио Дино.

Loading...

Во разговор со новинарите во Бразилија, министерот Дино изјавил дека разговарал со директорот на Федералната полиција и најавил дека подоцна ќе се огласи за тоа, пренесува Ројтерс.

Бразилскиот медиум „Глобо“ во понеделникот објави дека разузнавачката агенција (АБИН) купила и користела израелски софтвер кој овозможува движењето на десетици илјади луѓе да се следи преку мобилни телефони во период од 12 месеци.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кина испраќа тројца астронаути во вселенската станица како дел од програмата на Месечината