Бразил: 36 лица загинаа во поплави и лизгање на земјиштето

Сподели со своите пријатели

Властите на бразилската држава Сао Паоло соопштија дека најмалку 36 лица загинале во поплави и одрони, а десетици се водат како исчезнати, додека многу патишта и куќи се урнати, јави денеска Би-би-си.

Loading...

Државната влада извести за најмалку 35 смртни случаи во Сао Себастијан и еден во Убатуба, додека стотици луѓе беа евакуирани.

Официјални лица соопштија дека 228 луѓе останале без покрив над главата, а 338 биле евакуирани од крајбрежните региони северно од Сао Паоло.

Вонредна состојба од 180 дена е прогласена во шест градови во земјата: Сао Себастијан, Карагуататуба, Илабела, Убатуба, Гуаруха и Бертиога.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Индија – На над милион избирачки места ќе се гласа до 1 јуни

Најголемото пристаниште во Латинска Америка во Сантос беше затворено бидејќи брзината на ветерот надмина 55 километри на час, а брановите беа поголеми од еден метар, објавија локалните медиуми.

Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва изјави дека денеска ќе ги посети погодените области.

Да Силва преку Твитер испрати сочувство до семејствата на загинатите и вети дека ќе испрати медицински и спасувачки тимови.

На видеата се гледаат населби под вода, поплавени автопати и уништени домови. Спасувачките екипи трагаат по преживеани и работат на деблокирање на патиштата.

Loading...

Повеќе од 600 милиметри дожд наврнаа во некои области во неделата, двојно повеќе од очекуваното за цел месец.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  СЗО предупреди за ширење на птичји грип кај луѓето

Екипите за пребарување и спасување не можат да стигнат до неколку места, ситуацијата е хаотична, изјави градоначалникот на Сао Себастијан, Фелипе Аугусто.

Тој рече дека во градот се исчезнати десетици луѓе, а околу 50 куќи се урнати. Во областа се очекуваат пообилни врнежи од дожд, кои се закануваат да ги влошат условите за екипите за итни случаи.

Поплавите принудија некои градови да ги откажат своите годишни карневали. Карневалските настани се откажани низ северниот брег, кој е популарна дестинација за богатите туристи кои сакаат да ги избегнат големите улични веселби во големите градови.

Минатата година повеќе од 230 луѓе загинаа во поплавите во градот Петрополис во југоисточниот дел на Бразил.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Индија – На над милион избирачки места ќе се гласа до 1 јуни