04.06.2019 10:43

БРАВО: Мартинијан се пласираше во финалето на „Ѕвездите на Гранд“


Кумановецот Мартинијан Кириловски успешно се пласираше во големото финале на овогодинешното издание на српското музичко натпреварување „Ѕвездите на Гранд“.

Вчера беше последното снимање пред големото финале, при што 23-годишниот кумановец успешно влезе меѓу најдобрите кандидати.

loading...

Под менторство на Јелена Карлеуша тој ќе се бори за титулата „Ѕзвезда на Гранд“ за 2019 година.

Засега не е познато кои песни ги пеел во полуфиналето, меѓутоа судејќи по фотографијата со која се пофали на социјалните мрежи, имал и жешка кореографија.

Останува да почекаме и да видиме, а во меѓувреме уживајте во неговиот последен настап.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments