10.05.2017 18:52

БРАВО ДЕВОЈКИ: ЖРК Куманово го совлада и Металург


Ракометарките на Куманово направија најголемо изненадување оваа женска ракометна сезона откако денеска со резултат 32:31 го совладаа составот на Металург, кој влезе како фаворит во натпреварот и важи за една од најквалитетните екипи.

Вистинска драма на мечот се случуваше во второто полувреме кога избраничките на тренерот Антонио Ивановски направија пресврт во резултатот и поведоа со 29:27. Домашната екипа израмни, како и на секое водство кое го задаваше Куманово во понатамошниот дел од натпреварот.

Мечот заврши со израмнет резултат, но реализираниот седмерец на капитенката на ЖРК Куманово, Викторија Пеовска ја донесе победата за гостинската екипа и реализираше девет голови. Со 10 погодоци триумфираше и Александра Боризовска.

Новите три поени не значат многу за кумановки, со оглед дека местата на табелата се зацврстени веќе одамна, но се мотивација да се продолжи понатаму во борбеноста и упорноста. ЖРК Куманово останува на третата позиција со 48 поени од 23 натпревари, зад Металург кој има 57 поени и е второпоизициониран, додека првото место припаѓа на составот на Вардар СЦЈС.

Според пропозициите во разигрувањето за титулата ќе играат првите три екипи од регуларниот дел, плус Вардар. Со оглед на тоа што Вардар е апсолутен фаворит, за титулата другите екипи се борат за подобар пласман во регуларниот дел од сезоната. Тој ќе биде највалиден при составувањето на крајната табела, односно според освоеното место во регуларниот дел.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments