Брат и сестра од Пожаревац – 20 години држани заробени од својата мајка (видео)

Сподели со своите пријатели

Брат и сестра од Пожаревац во Србија, Марко (25)  и Маријана Станковиќ (24), повеќе од две децении минале заробени во куќа, каде ги држела нивната мајка од страв од надворешниот свет и дека ќе бидат грабнати, пренесува Ал џезира.

Loading...

Целиот случај бил откриен по нејзината смрт во 2010 година.

Како што се открива во репортажата на Ал џезира, тие не оделе во училиште, не се вакцинирани, немале другари…

Кога дошло време за училиште, таа на соседите им кажувала дека учат во Црна Гора.

„Излегувавме со неа надвор кога наводно по шест месеци ќе се вратевме на распуст од Црна Гора. Тогаш лажевме дека редовно одиме во училиште“, кажал Марко, кој како и неговата сестра бил роден дома.

Нивната мајка успеала да го измами и локалниот Центар за социјални работи, иако низ Пожаревац се зборувало за тоа дека децата се затворени во куќата.

По нејзината смрт во 2010, Марко кажал: „Ни беше чудно кога првпат излеговме надвор. Се движевме без никакви ограничувања“.

Тој додал и дека со сестра му едвај добиле документи, бидејќи немале ни свидетелства ниту здравствени книшки. Единствениот документ бил доказот дека се родиле.

Loading...

Тие пред неколку дена вонредно го завршиле основното училиште. Маријана кажала дека сака да се запише во средно медицинско училиште и да учи германски јазик.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.