Skip to content

Браните Липково и Глажња полни со вода

Сподели со своите пријатели

Капацитетот на браните Липково и Глажња од кои со вода се снабдува градот Куманово е на завидно ниво, информираат денеска надлежните од Водостопанство „Кумановско-Липковско поле“.

Според податоците на одговорните во претпријатието, браните се полни и вода има и за граѓаните и за земјоделците од поширокиот регион.

Директорот на претпријатието, Оливер Илиевски информира дека капацитетот на двете брани изнесува околу 18 милиони кубни метри вода.

Loading...

Претпријатието склучило договор со 6.000 земјоделци кои треба да ги наводнуваат обработливите површини со вода од водостопанство. Сепак, поради добрата хидорлошка состојба само одгледувачите на градинарските култури и на тутунот ги наводнуваат површините во овој период од годината.

– Овие месеци постојано врне дожд, така што состојбата за земјоделците е добра и немаат потреба од наводнување од нашето претпријатие. Инаку, сезоната почна навреме од 15 мај и иако имаме склучено договори во овој период наводнуваат само одреден број на земјоделци. Секако ние располагаме со доволна количина на вода и доколку има поголема заинтересираност од страна на земјоделците подготвени сме да им излеземе во пресрет, изјави Илиевски.

Претходните денови екипите на претпријатието завршија со акција за продлабочување на речното корито на Липковка во општина Липково во должина од три километри, а во Горно Коњаре, кумановско беше исчистен одводен канал во должина од еден километар.

Leave a Reply

 

Услови за преземање содржини

Надворешните линкови преку маркетинг платформата MGID се одговорност на самиот огласувач, и порталот Кумановски Муабети не сноси никаква одговорност за пласираните информации.