Браните Глажња и Липково се прелеани

Сподели со своите пријатели

Во Центарот за управување со кризи вчера било пријавено дека двете кумановски брани Глажња и Липково се преполни со вода и истата се прелева од нив.

Од РЦУК веднаш контактирале со директорот на Јавното претпријатие „Водостопанство“ Куманово каде околу 16 часот добиле известување дека браните се преполни со вода и истата се прелева преку нив, но дека водата која истекува не претставува опасност од поплавување од поголеми размери, затоа што водота завршува во речното корито на Липковка.

Од Регионалниот центар за управување со кризи биле известени и Општина Липково, Општина Куманово, СВР Куманово и Дирекцијата за заштита и спасување Куманово.

Leave a Reply