Бранислав Ѓекиќ повторно ќе игра во дресот на Куманово

Сподели со своите пријатели

Во Куманово доаѓа, односно се враќа играч кој што потекнува од школата на белградски Партизан, а до пред некој ден играше во Словенија, за екипата на Рогашка.

Бранислав Ѓекиќ ги договори сите услови со клупското раководство на кумановските „сино-бели“ и практично од денеска е во конкуренција за место во тимот кој во петок попладне ќе ги стартува натпреварите од финалниот турнир од Купот на Македонија. Односно четвртфиналниот дуел против екипата на Гостивар на турнирот кој се игра во кавадаречки „Јасмин“.

Тоа е всушност враќање на искусниот српски интернационалец во Македонија. Пред се затоа што пред две сезони беше дел од екипата на Фени Инудстри, а нешто порано и во Куманово, и во Струмица.

Со своите 207. сантиметри треба да ги засили позициите „4“. па  и „3“ во тимот на тренерот Александар Петровиќ, на која успешно може да одговори со својот одличен шут од далечина.

Leave a Reply