Брачен пар спијат на балконот повеќе од еден месец, сметаат дека нивниот стан е прогонуван

Сподели со своите пријатели

Убедени дека нивниот дом е прогонуван од дух, француската двојка спие повеќе од еден месец во мал шатор поставен на балконот од нивниот стан.

Loading...

Патриша и Дејвид Ц. и нивните две деца се преселија во стан во општината Реплогнес во септември минатата година. Нивниот нов дом беше простран, добро осветлен и модерен, но семејството не беше во можност да ужива во него бидејќи почнаа да се случуваат бизарни работи.

Патриша тврди дека нејзината ќерка започнала да гледа чудни работи низ куќата набргу откако се вселиле, а по некое време целото семејство се уверило дека во нивниот стан се одвива некоја паранормална активност.

 

 

Работите наводно станале толку лоши што морале да постават шатор на балконот за да спијат во мир, а го користат повеќе од еден месец, пренесува „Одити Централ“.

„Почна со црни сенки“, рече двојката за францускиот весник „Ле Прогрес“. „Тогаш стана се погласно: светлото ќе се изгасеше по случаен избор, телевизорот ќе се вклучеше, телефонот ќе замрзнеше без причина, садовите ќе испуштаа чудни звуци итн.

Loading...

Заситен од „паранормални појави“, парот побарал услуги од таканаречениот „магнетизер“, личност која користи магнетна енергија за откривање духови, која откако извршила увид во станот, им рекла дека е прогонуван од „заробениот“ дух на жена од 19 век, која сака да си оди.

 

 

Бидејќи парот нема луксуз да се пресели, а компанијата што управува со зградата тврди дека се е во ред со станот, бидејќи претходно бил изнајмен двапати без инциденти, парот решил да спие во шатор. Повторно се пријавија за друг стан, но засега чекаат и спијат на балконот.

Leave a Reply