Брачен пар посвоил седум деца, нивната животна приказна е болна, а сега имаат живот од соништата

Сподели со своите пријатели

Брачната двојка Пем (50) и Гери Вилис (53) од Калифорнија се подготвувале за пензија, кога Пем на социјалната мрежа Фејсбук видела објава дека Аделино (15), Руби (13), Алик (9), Ентони (8) , Абријела (7), Лео (5) и Ксандер (4) бараат постојан дом откако поминале една година во згрижувачко семејство, откако ги загубиле родителите во сообраќајна несреќа.

Loading...

 

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pam Willis (@second.chance.7)

 

Како што изјави Пем, таа едноставно не можела да престане да ги гледа нивните слики затоа што нивната приказна длабоко ја погодило.

– Не можам да го објаснам тоа, само знаев дека сум предодредена да бидам нивна мајка – вели Пем.

Понатаму објаснува дека не разговарала за посвојувањето со нејзиниот сопруг затоа што сметала дека би рекол дека е луда, со оглед на тоа што и двајцата се подготвуваат да се пензионираат и дека само му проследила објава на Фејсбук во која бара постојан дом за овие деца.

Loading...

Како што вели, и двајцата сметале дека едноставно им е судено да станат родители на овие деца, па веднаш се јавиле на телефонскиот број, но им било кажано дека илјадници други лица поднеле барање за посвојување.

 

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pam Willis (@second.chance.7)

 

Сепак, два месеци подоцна, тие се сретнале со децата кои не само што биле сираци, туку живееле и како бездомници, а за храна се снаоѓале и додека нивните родители биле живи, бидејќи и двајцата имале проблеми со пороците.

Како што открива Пем, тие лесно комуницирале со помалите деца, но постарите биле недоверливи.

 

Loading...

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pam Willis (@second.chance.7)

 

– Тешко е да се верува кога во животот ви е одземено толку многу. Руби дури и не знаела како е да се биде дете, таа морала да ја преземе улогата на мајка – објаснува оваа жена и додава дека децата имале проблеми со спиењето првите неколку месеци по преселбата.

Пем и Гери сега водат профил на Инстаграм каде скоро 50 000 луѓе ги следат нивните авантури со седум деца.

– Длабоко во себе, знаевме дека оваа мисија е наменета за нас. Кој друг би ги задржал заедно, кој би имал простор за сите нив, кој би имал време, љубов и трпеливост за сите нивни трауми? Одговорот е едноставен: само ние – заклучува овој пар.

 

 

Loading...

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pam Willis (@second.chance.7)

Leave a Reply