Босанец направил ротирачка куќа, оти сопругата не била задоволна од погледот (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Војин Кусиќ од Србац во Босна и Херцеговина вели дека неговата сопруга била неодлучна во врска со погледот што таа сакала да го има од нивниот прозорец, па тој нашол решение – ротирачка куќа.

Loading...

„Имаше барања колку што сакате, и ми здодеа тоа, па решив да направам куќа што се врти, па нека се врти колку што сака. Влезот во куќата исто така се врти наоколу, па ако ги видите гостите во недела, свртете ја куќата на другата страна, веројатно дека луѓето ќе се вратат“, рече со насмевка Војин Кусиќ, пренесува Си – Ен – Ен.

Кусиќ рече дека куќата ја градел шест години.

„Направив се сам. Секој ден, малку по малку, не брзав“, рече тој.

Погледнете го видеото: