Борова шума горела во село Стрезовце

Сподели со своите пријатели

Борова шума вчера горела во атарот на селото Стрезовце, кумановско.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи тројца пожарникари со едно противпожарно возило излегле во 14:45 часот и пожарот го гаснеле до 16:00 часот.

Засега не се познати ниту причините за избувнување, ниту пак колкава површина од шумата била опожарена.

Пожарникарите од Територијалната противпожарна единица Куманово интервенција бележат и во атарот на селото Романовце, на бензинска пумпа каде се запалил отпад.

Тројца пожарникари во период од 15:20 до 15:50 часот интервенирале на пумпата со цел да се спречи катастрофа од поголеми размери.

Leave a Reply