Борел: Во неколку земји веќе започна обуката на украинските пилоти на Ф-16

Сподели со своите пријатели

Високиот претставник на Европската унија за надворешна и безбедносна политика, Жозеп Борел, денеска изјави дека обуката на украинските пилоти за летање со борбени авиони Ф-16 од четвртата генерација веќе започна во неколку земји, вклучително и Полска.

Loading...

Како што јави дописникот на украинската агенција Униан, Борел, пред состанокот на министрите за одбрана на ЕУ, изјавил дека му е драго што во неколку земји конечно започна обуката на украинските пилоти на авиони Ф-16.

„Ќе биде потребно време, но колку побрзо, толку подобро“, рече Борељ.

Високиот претставник на ЕУ додаде дека „вратата е отворена“ за Украина да добие авиони Ф-16, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бајден го повика Претставничкиот дом итно да одобри помош за Украина и Израел

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.