Борел: ЕУ ќе ја поддржи Белорусија по демократските промени

Сподели со своите пријатели

Високиот комесар за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Жозеп Борел, во авторски текст изјави дека ЕУ е подготвена да мобилизира сеопфатен план за економска поддршка за Белорусија во вредност од три милијарди евра кога во таа земја ќе се одржи демократската транзиција.

Loading...

„Ова јасно ја покажува нашата долгорочна посветеност на мирот, демократските аспирации и просперитетот на белорускиот народ. Пред две години, милиони Белоруси застанаа во долги редови за да го дадат својот глас на претседателските избори во земјата бидејќи сакаа демократски промени, но нивниот глас беше игнориран и изборите беа наместени“, напиша Борел во текстот објавен на веб-страницата на ЕУ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  СЗО предупреди за ширење на птичји грип кај луѓето

Тој потсети дека Белорусите излегоа на улиците за да протестираат, но режимот во Минск одговори со „целосно беззаконие и бруталност што го десеткуваше граѓанското општество и ги прогласи за незаконски слободните медиуми“.

„Може да се укинат санкциите“

Борел посочи дека ЕУ јасно стави до знаење дека санкциите се реверзибилни и ќе бидат укинати веднаш штом белоруските власти престанат со репресијата, ги ослободат и рехабилитираат сите политички затвореници, започнуваат вистински, инклузивен национален дијалог и ставаат крај на соучесништвото во војната на Русија против Украина.

„Како што свечено потврдив вчера во име на ЕУ и нејзините 27 земји-членки, ние ќе застанеме со народот на Белорусија, како што ќе бидеме со народот на Украина додека нашата заедничка иднина не се реализира во безбедна, суверена, демократска и просперитетна Европа“, рече Борел.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Индија – На над милион избирачки места ќе се гласа до 1 јуни

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.