Борба на титаните: КК Куманово утре го пречекува МЗТ

Сподели со своите пријатели

Во рамките на 27-то коло од Првата машка кошаркарска лига утре КК Куманово ќе биде домаќин на кошаркарите на МЗТ Скопје Аердром.

Натпреварот е од големо значење за кумановци од причина што го изгубија последниот натпревар одигран против МЗТ во Скопје, но и поради приближувањето на плеј офот.

Мечот помеѓу шампионот и вицешампионот ќе започне во 19 часот, а билетите ќе се продаваат по цена од 50 денари.