Бомби, гранати и ракетни фрлачи пронајдени на нива во Матејче

Сподели со своите пријатели

На 23.04.2019 година во 09.30 часот на место викано „Матејачки штали“ во село Матејче, во нива биле пронајдени гранати РРФ 40 мм, куршуми калибар 7,62×56мм, две рачни бомби со запалка кинеско производство, еден рачен ракетен фрлач(РРФ) со цевка кородиран, постоље за истиот, една дигитална нишанска справа со метална кутија и едно постоље за неа,информираат од Министерството за внатрешни работи.

Loading...

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Куманово и пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување и предметите биле безбедно подигнати. Се работи на расчистување на случајот.

Leave a Reply