Бомба пронајдена во кумановската населба Карпош

Сподели со своите пријатели

Жител на кумановската населба Карпош вчера до Регионалниот центар за управување со кризи пријавил дека пронашол неексплодирана бомба.

Како што додаваат од РЦУК, веднаш биле известени стручни екипи од СВР Куманово и ДИрекцијата за заштита и спасување Куманово.

Бомбата била преземена од пиротехничар од ДЗС и пренесена и сместана во магацини соодветни за таков тип на оружје.

Засега не е познато за каков вид на бомба се работи, но пред неколку дена минофрлачка мина 82мм била пронајдена и во Крива Паланка.

Како што посочуваат од Регионалниот центар за управување со кризи двете бомби се на безбедни локации се до нивно конечно уништување од страна на пирхотехничари.

Leave a Reply