Бомба пронајдена меѓу компири во фабрика за чипс (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Во товар компири од Франција кој пристигнал во фабриката за чипс во Хонг Конг пронајдена била бомба од Првата светска војна.

Loading...

Осум сантиметри долгата експлозивна направа била во нестабилна состојба, затоа што била активирана, но не детонирана, соопштила полицијата.

Откриена е при истовар во фабриката, а полицијата по доаѓањето безбедно на лице место ја детонирала направата.

Се претпоставува дека бомбата по грешка била извадена од земјата при вадењето на компири.

– Бомбата најверојатно некој војик од Првата светска војна ја испуштил таму пред сто години, смета воениот аналитичар Дејв Макри.

Leave a Reply