Бомба фрлена на балконот на поранешен член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ од Куманово

Сподели со своите пријатели

Бомба кашикара викендов заврши на балконот од семејниот дом на 26-годишен кумановец.

Според луѓе блиски до истрагата, станува збор за куќа на поранешниот член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Унијата на млади сили од Куманово, Марио Цветковски.

26-годишниот Цветковски беше кандидат за пратеник, но и делегат на Валандовскиот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, а викендов околу 3:30 часот по полноќ го разбудила детонација која доаѓала од неговиот балкон.

Веднаш било пријавено во полицијата од каде според подигнатите фрагменти било утврдено дека се работи за рачна бомба кашикара.

– Од детонацијата оштетено е  прозорското стакло и ролетните, но за среќа повредени нема. Се работи на расчистување на случајот, велат од Министерството за внатрешни работи.

Марио Цветковски краток период беше член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, а по доаѓањето на Мицкоски на чело на партијата истиот беше сменет.

Засега останува непознато дали зад инцидентот се крие политичка пресметка.

Leave a Reply