Болсонаро поднесе барање за американска виза

Сподели со своите пријатели

Поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро поднел барање за шестмесечна американска виза, што укажува дека можеби нема намера веднаш да се врати дома, каде што го чекаат одредени правни процедури, пренесе денеска АП.

Loading...

Веста за поднесувањето првпат ја објави Фајненшл Тајмс, цитирајќи го адвокатот за имиграција на Болсонаро, Фелипе Алесандро.

Откако АП стапи во контакт со неговата адвокатска канцеларија, веста беше потврдена.

Болсонаро го напушти Бразил за американската сојузна држава Флорида на 30 декември, два дена пред да биде инаугуриран неговиот ривал Луис Инасио Лула да Силва.

Една недела подоцна, неколку илјади приврзаници на Болсонаро упаднаа во најважните државни згради, барајќи изборите да бидат поништени и Лула да биде прогласен за губитник на претседателските избори во октомври минатата година.

Во Бразил истражуваат дали Болсонаро имал некаква улога во поттикнувањето на нападите врз претседателската палата, Конгресот и Врховниот суд во Бразил.

АП наведува дека се претпоставува, но нема официјална потврда, дека Болсонаро влегол во САД со виза А-1 што им се дава на шефовите на држави.

Ако е така внесено, тој има 30 дена или да ги напушти САД или да го регулира својот статус во Министерството за домашна безбедност.

Loading...

Болсонаро остана во куќа во Орландо, Флорида.