Болсонаро планира да се врати во Бразил во март

Сподели со своите пријатели

Поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро изјави дека планира да се врати во земјата во март, откако помина повеќе од еден месец во САД, објави „Волстрит журнал“ (ВСЈ).

Loading...

Според Ројтерс, Болсонаро ќе се врати во Бразил за да му се спротивстави на претседателот Луис Инасио Лула да Силва и да се брани од обвинувањата дека тој поттикнал насилство во Бразилија минатиот месец, кога неговите поддржувачи, кои веруваа дека изборите биле наместени, упаднале во претседателската палата, Врховниот суд и Конгресот.

Болсонаро отиде во американската држава Флорида два дена пред Лула да положи заклетва на 1 јануари, а подоцна аплицираше за шестмесечна туристичка виза за престој во САД.