Болсонаро не ги оспори резултатите, ниту призна пораз

Сподели со своите пријатели

Жаир Болсонаро, екстремно десничарскиот и актуелен претседател на Бразил, се огласи за прв пат по неговиот пораз на претседателските избори во неделата.

Loading...

Тој им се заблагодари на гласачите кои гласаа за него, но директно не го призна поразот.

Во краткото обраќање, Болсонаро не ги оспори резултатите од изборите, како што стравуваа некои, а не го спомна ниту неговиот најголем ривал Луис Инасио Лула да Силва, кој во неделата извојува тесна победа.

Според официјалните податоци, на изборите одржани во неделата на 30 октомври, Лула освоил 50,9 отсто од гласовите, а Болсонаро 49,15.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Јамајка ја призна државата Палестина

Болсонаро истакна дека секогаш работел во согласност со Уставот на Бразил и ќе продолжи да го почитува.

После тоа, шефот на кабинетот на Болсонаро го најави почетокот на „преодниот процес“ на власта.

По веста за поразот, некои од поддржувачите на Болсонаро излегоа на улиците на Бразил, а на патиштата низ земјата беа поставени барикади.

Возачи на камиони го блокираа сообраќајот. Најголем дел од протестите се во јужниот дел на земјата.

Loading...

Блокади се забележани во сите држави, освен во две и го попречија снабдувањето со храна.

Полицијата соопшти дека досега отстранила повеќе од 300 барикади, но останале 267.

Десетици летови во и надвор од меѓународниот аеродром во Сао Паоло мораа да бидат откажани откако демонстрантите го блокираа клучниот пристапен пат.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Канаѓанец починал на одмор во Куба. На семејството му испратиле погрешно тело

За време на администрацијата на Болсонаро, цената на дизелот беше ниска, што беше од корист за многу возачи на камиони.

Судијата на Врховниот суд Алехандра де Мораес во понеделникот и нареди на полицијата веднаш да ги пробие блокадите.

Тој предупреди дека секој што ќе продолжи да ги блокира патиштата ќе биде казнет со 19.300 долари на час.