Болеста „јазлеста кожа“ регистрирана кај 235 говеда

Сподели со своите пријатели

Забрзано се шири болеста Чвореста кожа во земјава, за само два дена регистрирни се нови 43 болни грла говеда, односно сега има 235 афектирани животни во повеќе региони, јавува Алсат М.

Надлежните велат дека болеста била локализирана само во источниот дел, но не и во останатите региони од земјава. Анализите покажуваат дека секој ден се откриваат нови случаи.

Станува збор за специфична болест и производстворто на вакцина е прилично ограничена. Само две лаборатории во светот ја произведуваат оваа вакцина. Во моментов побарувачката за вакцина е зголемена – рече Кирил Крстевски, доцент на факултетот за ветеринарна медицина.

Зоран Поповски; директор на Агенција за храна и ветеринарство вели дека во период од еден месец прогнозата е дека можат да бидат афектирани околу три илјади животни, а вакцината ја очекуваат до крај на месецот.

Вакцини веќе биле резервирани, но поради тоа што нив ги произведува само една фирма и тоа во Јужноафриканската Република, мора да се чека подолго време. Поповски информира дека сите општини се задолжени да прскаат против комарци и ларви за да не се шири болеста.

Сите фармери кои имаат усмртени грла поради болеста ќе добијат обештетување со пари од буџетот на Агенцијата за храна и ветерина. Оние фармери кои во одгледувалиштата ја имаат болеста, не смеат да продаваат млеко и месо.