Бојкот на наставата од страна на средношколците во Куманово

Сподели со своите пријатели

Дел од средношколците од Куманово веќе недела дена ја бојкотираат наставата во училиштата поради незадоволството од дигитализацијата на образованието и бараат подобри услови за реализација на истото.

Loading...

 

 

– Бојкотот на наставата од страна на средношколците продолжува и затоа бараме од Министерството за образование и наука да го слушне нашиот глас. Бараме создавање услови на враќање на средношколците во училишните клупи и откинување од концептот за дигитализација на образованието кое што е предвидено сега. Сметаме дека образованието има посериозни проблеми како немање на материјални услови и немање на елемантарни услови за настава во одредени региони во земјава. Исто така неопремени лаборатории како и проблеми во практичната настава. Сметаме дека покрај финансиските издатоци на родителите и предвидување на дигитализацијата на образованието ќе донесе штета по здравјето на учениците. Бараме поддршка и од нашите родители кои помагаат во спречување на влошувањето на состојбата во образованието. Се надевам дека нема да дојде до таков исход- вели Богадана Механџиска од организацијата „Средношколски глас“.

Бојкотот ќе продолжи и понатаму, велат учениците се додека Министерството за образование и наука не покаже интерес кон барањата на средношколците.

 

Текст М.Ф\Фото Н.И

Loading...

Leave a Reply