Бојан Трајковски останува во КК Куманово

Сподели со своите пријатели

Бојан Трајковски утринава потпишал договор за уште една сезона во Кошаркарскиот клуб Куманово, дознава Кумановски Муабети, а информацијата ја потврдија и првите луѓе на клубот.

Од управата рекоа дека и Александар Костоски, Марјан Јанески и Димитар Караџоски ги прифатиле понудите и дека се чека нивен потпис, но кошаркарите попладнево ги демантираа тие информации.

Засега од управата не добивме одговор дали ќе има нови имиња во клубот оваа сезона, но преговорите за оформување на новиот тим ќе продолжат и во следниот период.

[wpdevart_like_box profile_id=”1414421878780055″ connections=”show” width=”300″ height=”550″ header=”big” cover_photo=”show” locale=”en_US”]

Loading...

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.